Илјада и една ноќ со 27000 обожаватели

Турската хит серија, Илјада и една ноќ, ги руши рекордите на гледаност во Македонија, а веќе има и речиси 27 000 обожаватели на македонската група од социјалната мрежа Facebook.

Оваа интересна љубовна приказна, која воедно е и своевиден приказ за модерна Турција, преку одличниот избор на актери успеа да го привлече вниманието и на најпребирливите гледачи.

Но, можеби она што е најинтересно кога се споменува оваа серија е вистинската љубов помеѓу актерите кои ги толкуваат улогите на Шехерезада и Онур, Bergüzar Korel и Halit Ergenç. Во август оваа година тие ја крунисаа својата врска со гламурозна венчавка на која присуствуваа 350 гости, меѓу кои и актерите од сетот на Илјада и една ноќ. Гостите изјавиле дека Bergüzar Korel била толку возбудена и пресреќна, што кога ја прашале дали го зема Halit за сопруг, таа гласно извикала ДА!

За време на свадбата во воздухот биле пуштени 500 бели и розови балони, а било објавено и дека актерката се наоѓа во третиот месец од својата бременост.

Серијата „Илјада и една ноќ“ е снимана во периодот од 2006 до 2009 година.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Слепиот не е секогасш слеп
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download